🚧 Студентка – лице со попреченост која користи електрична количка – се соочи со сериозни пречки за физички пристап во приватна високообразовна институција во Македонија. И покрај обидите да добие поддршка, одговорот од институцијата изостануваше.
💪🏼 По официјално барање доставено од страна на граѓанскиот сектор, беа преземени мерки и поставена рампа, но по кратко време просторот излезе од употреба што ја примора студентката предавањата да ги следи во друг дел, исто така без соодветен пристап. На барање на студентката беше поставена рампа, но истата не ги исполнува стандардитe, правејќи го движењето небезбедно.
✅ Овој случај покажува дека во Македонија пристапноста се уште зависи од индивидуална борба, најчесто од граѓанскиот сектор и засегнатите лица, наместо да биде дел од трајни системски решенија. Потребно е превземање одговорност од надлежните за обезбедување на стандарди и обврзувачки механизми кои не ја третираат пристапноста како привилегија, туку како предуслов за еднакво учество на лицата со попреченост во образованието и општеството.
✨ Меѓународната кампања ID:CITIZEN има за цел да промовира позитивни примери за подобрување на пристапноста и вклученоста на лицата со попреченост во културата, образованието, јавните простори во 🇲🇰🇭🇺🇵🇱🇸🇰.

