Онлајн конференција „Како да креираме општество без бариери?“

Здружението Икуалити, во рамки на меѓународниот проект „ID: CITIZEN“, организира онлајн конференција посветена на унапредување на пристапноста, универзалниот дизајн и системските решенија за еднакво учество на лицата со попреченост во јавниот простор и заедницата.

Конференцијата ќе се одржи на 27 мај, среда, со почеток во 10:00 часот, преку платформата ZOOM.

Настанот ќе ги претстави клучните искуства и резултати од студиските посети реализирани во Полска и Словачка како и публикацијата „Препораки за политики за подобрена инклузивност“. Документот содржи практични насоки и предлози за воспоставување системска пристапност, подобрување на движењето низ градовите, унапредување на јавните простори и примена на инклузивни практики во сите четири земји.

Главната порака на конференцијата е дека пристапноста не смее да биде привилегија или дополнителна мерка, туку основно право и составен дел од планирањето на секоја заедница. Доколку јавниот простор не е системски проектиран за сите граѓани, тој станува бариера која исклучува наместо да поврзува.

Конференцијата ќе ја предводат претставници на партнерските организации: Здружение Икуалити од Македонија, Фондација Интеграција од Полска, Организација Рака под рака од Унгарија и Здружение Тененет од Словачка, а учество ќе земат претставници на институции, општини, професионалци од областа на урбанизмот, архитектурата, културата и социјалната инклузија, граѓански организации, како и сите засегнати страни кои работат на унапредување на пристапноста и еднаквото учество во општеството.

Учеството е бесплатно, со претходна регистрација преку линкот: Регистрациска форма.

Проектот е поддржан од Меѓународниот Вишеградски фонд, кој ја поддржува регионалната соработка меѓу организациите на граѓанското општество за унапредување на нивните односи, размена и споделување идеи и промовирање на меѓусебно разбирање. 

Scroll to Top