Случај 3° ID:CITIZEN: СЛОВАЧКА ВОВЕДУВА ЗАКОНСКА ОБВРСКА ЗА ДИГИТАЛНА ПРИСТАПНОСТ

📅 Од јуни 2025 година, Словачка ја позиционира дигиталната пристапност како законска обврска, што претставува значаен пресврт во функционирањето на јавните институции.

📜 Во јавните институции, дигиталната пристапност се применува во пракса, особено преку декларации за пристапност, редизајнирање на веб-страниците и воведување попристапни онлајн системи. Владата објавува декларации за пристапност и постепено ја обновува својата веб страница со цел јавните информации да бидат подостапни за самостојно користење. Антимонополската Канцеларија ги приспособи своите онлајн системи за поднесување претставки и пристапни информации; Државниот завод за статистика воведува пристапни функционалности за полесна навигација низ статистичките податоци и јавните бази, а дигиталните портали на Министерството за труд, социјална работа и семејство и Агенецијата за социјално осигурување се унапредуваат со цел да се овозможи полесно поднесување на барања, пристап до информации и комуникација со институциите.

🔄 Овие системски реформи овозможуваат поголема независност при користење на онлајн услугите, вклучително асистивна технологија, полесна навигација, и рамноправен пристап до јавните информации и услуги за сите граѓани.

✨ Меѓународната кампања ID:CITIZEN има за цел да промовира позитивни примери за подобрување на пристапноста и вклученоста на лицата со попреченост во културата, образованието, јавните простори во 🇲🇰🇭🇺🇵🇱🇸🇰.

Scroll to Top