Случај 2° ID:CITIZEN: ПОЛСКА ОБЕЗБЕДУВА ДОСТОИНСТВЕНА ГРИЖА И ПРИСТАПНОСТ ВО ЈАВНИТЕ ОБЈЕКТИ

📢 Инспирирана од успехот на Обединетото Кралство, Полска презеде значајни чекори кон унапредување на достоинството и пристапноста за лицата со попреченост. Во 2021 година беше формирана националната коалиција „Przewijamy Polskę“ (мкд. „Ја преслекуваме Полска“), со цел воведување на целосно опремени простории со специјализирана опрема кои овозможуваат достоинствена грижа за лицата со попреченост, наречени „Соблекувални“(ред. простории за пресоблекување и лична хигиена).

📍 Како резултат на оваа иницијатива, вакви простории се поставуваат на Националниот стадион во Варшава, во замокот Вавел во Краков, во Културниот центар ZAMEK во Познањ, како и на Централната железничка станица во Лублин и многу други локации. Овие примери покажуваат дека инклузивните решенија можат подеднакво успешно да се применат и во модерната инфраструктура, дури и во објекти кои се од историска важност и со неприлагодена инфраструктура.

✅ Следејќи го моделот на Обединетото Кралство, полското искуство покажува дека соработката меѓу граѓанското општество и јавните институции може да доведе до системски промени и значително да го подобри квалитетот на живот на лицата со попреченост и нивните семејства.

✨ Меѓународната кампања ID:CITIZEN има за цел да промовира позитивни примери за подобрување на пристапноста и вклученоста на лицата со попреченост во културата, образованието, јавните простори во 🇲🇰🇭🇺🇵🇱🇸🇰.

Scroll to Top