✅️ Во рамки на проектот ID:CITIZEN претставуваме позитивни примери во законодавството кои покажуваат дека пристапноста мора да биде поставена како системско право, преку правни обврски, јавни политики, финансирање, контрола и институционална поддршка:
🇵🇱: Полска е силен пример за земја која пристапноста ја поддржува не само преку закони, туку и преку стабилен механизам за финансирање. Државниот фонд за рехабилитација на лица со попреченост – PFRON обезбедува средства за прилагодување на работни места, асистивни технологии, станбени прилагодувања, социјално вклучување и подобрување на институционалната пристапност.
🇭🇺: Унгарија има јасна правна рамка која ја поврзува пристапноста со еднаквите можности, јавните услуги и изградената средина. Преку законите за правата на лицата со попреченост, заштитата на изградената средина и Националниот градежен код OTÉK, се дефинира одговорноста на државата и институциите да создаваат простори достапни за сите.
🇲🇰: Македонија има важна законска основа преку Законот за градење, Законот и Правилникот за урбанистичко планирање и Законот за спречување и заштита од дискриминација. Ова е важна основа која ја позицинира пристапноста како дел од јавниот простор, движењето, услугите и еднаквото учество.
🇸🇰: Националната канцеларија за урбано планирање на Град Братислава е пример за институционален пристап кон пристапноста во јавните средини. Преку креирање насоки, проценка и контрола при проектирање на јавни објекти, пристапноста се вградува уште пред просторот да биде изграден.
✨ Меѓународната кампања ID:CITIZEN има за цел да промовира позитивни примери за подобрување на пристапноста и вклученоста на лицата со попреченост во културата, образованието, јавните простори во 🇲🇰🇭🇺🇵🇱🇸🇰.