📢 Ја затвораме кампањата ID:CITIZEN со повик за поголема свесност и системска поддршка за потребите кои сè уште остануваат нерешени за лицата со попреченост.
♿️ Искуствата од 🇲🇰🇭🇺🇵🇱🇸🇰 покажуваат дека законите и стандардите не се доволни ако не создаваат функционална и доследна пристапност во пракса.
✅️ Преку стекнатите искуства и посетите во партнерските земји беа издвоени клучни препораки: потребни се проценка уште во фазата на планирање, вклучување на корисниците, унифицирани стандарди, посилен мониторинг, прилагодување на постојните објекти, стабилно финансирање и јасна институционална одговорност.
📘 Како завршен резултат од проектот ID:CITIZEN, беа креирани „Препораки за политики за подобрена инклузивност“, кои ги обединуваат знаењата, примерите, предизвиците и препораките од партнерските земји и нудат насоки за поинклузивни политики, јавни простори, културни институции и услуги.
❤️ Со ова ја заокружуваме кампањата, но продолжуваме да ја промовираме пристапноста како предуслов за еднакво учество, независност и достоинство.
🤝🏼 Проектот е поддржан од Меѓународниот Вишеградски Фонд и имплементиран од Здружението Икуалити во партнерство со Fundacja Integracja 🇵🇱, Hand in Hand 🇭🇺 и Tenenet NGO 🇸🇰.

