✨️ Културата не е само програма, туку искуство во кое секој треба да има место.

🌏 Низ Европа сè повеќе музеи, фестивали, јавни настани и локални иницијативи покажуваат дека пристапноста не е дополнителна услуга, туку основен дел од културното искуство. Од Полска, Унгарија и Словачка, до Македонија, овие примери потсетуваат дека културата е најсилна кога не поставува бариери, туку отвора врати за секого.

✅️ Во рамки на проектот ID:CITIZEN издвојуваме неколку позитивни практики:

🇵🇱: Музеите во Полска се вистински пример за тоа дека културата е навистина за сите. Одличен пример за тоа се Музејот на историјата на полските Евреи „ПОЛИН“ и Музејот на Варшавското востание кои овозможуваат целосна физичка пристапност со рампи, лифтови, достапни тоалети, тактилни елементи и избрани експонати за допир, аудио-водичи со аудио-опис за слепи слабовидни лица, програми и тури на полски знаковен јазик и едукативни програми за посетители со различни потреби. Полска е напреден пример за институционализирана пристапност благодарение на јасната законска рамка и развиентие практики во културниот сектор.

🇭🇺: Во Унгарија, културата е навистина „без граници“, со посебно внимание на инклузијата и еднаквиот пристап за сите, а пристапноста на големи културни и јавни настани е сè повеќе видлива и практична, особено преку системски пристап што ги зема предвид различните потреби на лицата со попреченост. Фестивалот Сигет е силен пример за ова, со обезбедени посебни платформи за гледање, организиран транспорт, изнајмување инвалидски колички, поддршка за лица со оштетен вид и можност за знаковно толкување. Дополнително, постои посебен бесплатен камп за посетители со попреченост, опремен со пристапни тоалети и тушеви, фрижидер за лекови и електрична енергија за полнење електрични инвалидски колички, со едноставна и бесплатна регистрација. Во исто време, некои музеи во Будимпешта нудат пристапни информативни и едукативни содржини за лица со оштетен слух и аудио-водичи на повеќе јазици, а при државни прослави се обезбедуваат зони без бариери и услуги за лица со намалена мобилност, испраќајќи јасна порака дека културата припаѓа на сите.

🇸🇰: Словачка е непомалку инклузивна од останатите земји на ЕУ. Културата сериозно ја превзема улогата на простор отворен за сите, преку сè појасни политики и практични мерки за пристапност на локално и национално ниво. Во Братислава, градската програма „Братиславски Божиќ“ воведе зона наменета за читања со толкување на словачки знаковен јазик и организирани прошетки наменети за лица со оштетен вид, со што културните настани стануваат подостапни. На национално ниво, галериите јасно ја комуницираат својата пристапност, комплексите се прилагодени за корисници на инвалидска количка, помагала и детски колички, при што во одредени галерии е дозволено присуство на водич-кучиња, што е важен сигнал за инклузивно институционално планирање. Дополнително, постојат иновативни формати, кој нудат аудио-приказни за мобилни телефони, покажуваат дека пристапноста може да биде и креативна културна содржина.

🇲🇰: Инфјужн фестивалот е културно уметнички настан во Скопје кој има за цел да ја промовира инклузијата, различноста и креативноста во општеството. Фестивалот нуди разновидни активности и програми за луѓе од сите возрасти и способности: перформанси, театарски претстави, танцови изведби, музика, изложби, креативни работилници, спортски активности и игри. Некои настани се организираат со толкување на знаковен јазик и други инклузивни алатки за лицата со попреченост.

Инфјужн не е само фестивал за забава, туку и платформа за зајакнување на заедницата, поддршка на луѓето со попреченост и промоција на позитивни општествени промени, создавајќи простор каде сите можат да учествуваат и да се изразат.

✨ Меѓународната кампања ID:CITIZEN има за цел да промовира позитивни примери за подобрување на пристапноста и вклученоста на лицата со попреченост во културата, образованието, јавните простори во 🇲🇰🇭🇺🇵🇱🇸🇰.

Scroll to Top