🚀 МЕЃУНАРОДНА КАМПАЊА ID:CITIZEN!

✨️ Во рамки на проектот ID:CITIZEN ја отпочнуваме меѓународната општествена кампања за промоција на пристапност и вклученост во културата, образованието, јавните простори во 🇲🇰🇭🇺🇵🇱🇸🇰. 

👉🏻 Преку лични искуства, позитивни примери и корисни препораки ќе ги рушиме бариерите и дискриминаторските практики и ќе поттикнеме размена на позитивни примери за инклузија кои ќе создадат основа за поквалитетен живот на лицата со попреченост.

🌎 Заедно градиме општества без ограничувања!

✨️ Проектот ID: CITIZEN се стреми да го намали културното, општественото и архитектонското исклучување на лица со попреченост од четирите земји на партнерските организации – Македонија, Полска, Словачка и Унгарија, со цел поквалитетен живот, општественото вклучување и учество.

Scroll to Top