Кампања ID:CITIZEN: КАКО М3 ЛИНИЈАТА ВО БУДИМПЕШТА СТАНА ПРИСТАПНА?

🚉 КАКО М3 ЛИНИЈАТА ВО БУДИМПЕШТА СТАНА ПРИСТАПНА

🚧 Најавените планови за реконструкција на Метро Линија М3 во 2017 година во Будимпешта, не гарантираа целосна пристапност, што предизвика загриженост кај организациите за права на лицата со попреченост, кои стравуваа дека линијата и понатаму ќе продолжи да исклучува илјадници граѓани од безбедно и самостојно патување.

💪🏼 Граѓански кампањи како „Дајте ни крилја!“ и застапувањето на МЕОСЗ (Национална федерација на здруженија на лица со физички попречености) одиграа клучна улога. Благодарение на акции за подигнување на свеста и преговори со локалните власти, беше донесена одлука сите 20 станици да бидат целосно приспособени до 2023 година.

🏆 Денес, линијата М3 претставува пример за инклузивна инфраструктура – доказ дека граѓанското делување и инклузивното планирање можат да го трансформираат јавниот превоз во простор кој овозможува достоинство и еднаквост.

📢 Меѓународната кампања ID:CITIZEN има за цел да промовира позитивни примери за подобрување на пристапноста и вклученоста на лицата со попреченост во културата, образованието, јавните простори во 🇲🇰🇭🇺🇵🇱🇸🇰.

Scroll to Top